ПЛАНИРАЛЕ ДА ГО ТЕПААТ МОЕТО ДЕТЕ ДО КОЛЕЊЕ Според Вучиќ има докази дека уапсените од Краљево спремале атентат

Српскиот лидер изјави дека не знае кои се луѓето од Краљево кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.

21

„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“.

Вака изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ за двете лица уапсени под сомнение за обид за убиство врз него и државен пуч.






Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето од Краљево кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.

– Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ.

Поврзани содржини