Планинари имале блиска средба со мечка кај Побожје (ВИДЕО)

Таа била забележана кај областа „Две реки“, а планинарите од автомобил ја снимале како мирно шета по патот, без да им го загрози животот.

1,673

На социјалната мрежа „Фејсбук“, планинари од ПК Македон од Скопје објавија снимка во која се гледа дека во текот на вчерашниот ден над селото Побожје имале блиска средба со мечка.

Таа била забележана кај областа „Две реки“, а планинарите од автомобил ја снимале како мирно шета по патот, без да им го загрози животот.






Како што објавивме пред неколку дена, неколку скопјани имале блиска средба со два волка кај крстот во селото Кучково, ова е втор случај во последните неколку дена како луѓето имаат средби со дивеч и треба да бидат претпазливи кога се движат низ планина.

Поврзани содржини