ПЛАНИНАР ДОБИЛ ИНФАРКТ И ПОЧИНАЛ Трагедија за време на планинарење на Кораб

„Случајот го пријавил планинар кој дошол до ПС Стрезимир, затоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање“ - информира Центарот за управување со кризи.

631

Планинар на возраст од 60 годиши, член на група од 18 планинари. добил инфаркт утрово додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на околу еден километар од полициската станица Стрезимир, информира Регионалниот центар за управување со кризи Тетово.

„Случајот го пријавил планинар кој дошол до ПС Стрезимир, затоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање. Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош, е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починатинформира ЦУК.






Било пратено едно возило со двајца полицајци до местото каде што патот бил прооден за возило.

За жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од Брза помош, со која се пресретнале на патот каде можело нивното возило да се движи, е констатирано дека планинарот којшто добил инфаркт веќе бил починат. Но, за сето тоа да биде и согласно процедурите за такви случаи, е потребно на место на настанот, покрај присутност и медицинска констатација на доктор од брза помош, да се чека да пристигне и јавен обвинител од Гостивар“ – пишува ЦУК во своето соопштение.

Поврзани содржини