ПЛАНЕТА-ОГЛЕДАЛО ГИ ФАСЦИНИРА НАУЧНИЦИТЕ Еве што ѝ овозможува да ја одбива светлината
Планетата LTT 9779b преживува да не биде проголтана од своето блиско Сонце бидејќи самата содржи облаци составени од метални честички, во кои буквално врне титаниум. Според научниците од Европската вселенска агенција (ESA), овие облаци создаваат ефект сличен на огледало, правејќи ја површината на планетата една од најсветлите досега откриени.
Астрономите откриле планета што одбива неверојатни 80 проценти од светлината што ја добива од својата ѕвезда — најогледален свет досега забележан во универзумот. Планетата, наречена LTT 9779b, се движи толку блиску до својата ѕвезда што според сите физички правила требало одамна да биде испарена, јави Си-Ен-Ен.
Меѓутоа, LTT 9779b преживува под облаци составени од метални честички, во кои буквално врне титаниум. Според научниците од Европската вселенска агенција (ESA), овие облаци создаваат ефект сличен на огледало, правејќи ја површината на планетата една од најсветлите досега откриени.
Astronomers detect a planet that reflects 80% of all light — the most ‘mirror-like’ world ever found
LTT 9779b sits so close to its star it should be dead, yet it survives under metallic clouds that literally rain titanium
Haven’t seen that in Interstellar pic.twitter.com/kcmAhkF4wB
— RT (@RT_com) November 21, 2025
Притоа, температурата на LTT 9779b достигнува над 1.800 степени Целзиусови — доволна за да испари злато, сребро и алуминиум. Но планетата, за чудо, не исчезнува. Истражувачите веруваат дека нејзината метална атмосфера создава „заштитен слој“ што ја штити од уништување.
Од друга страна, астрономите истакнуваат дека ова небесно тело може да биде клуч за разбирање на тоа како егзопланетите преживуваат во екстремни услови. Некои ја споредија сцената со визуелниот стил од филмот Interstellar, во кој исто така се појавуваат планети со неочекувани атмосферски својства.
Научниот тим објавил дека следниот чекор ќе биде набљудување на планетата преку вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, за да се утврди точниот состав на металните облаци и динамиката на титаниумскиот дожд.