📽️ 📷ПЛАМЕН ЗАФАТИ ХОТЕЛ ПРЕКУ НОЌ, ИМА МРТВИ И ИСЧЕЗНАТИ Прва фотографија од ужасот во Унгарија

Пожарот избувнал во текот на ноќта, 27 лица се спасени, но неколку сè уште се водат како исчезнати.

351

Застрашувачки сцени утрово пристигнуваат од Унгарија, каде што во пожар во хотел во градот Будакеши, во близина на Будимпешта, според првичните информации, загинале неколку лица, а повеќе се повредени.

Огнот избувнал околу 2:15 часот по полноќ на покривот на Спортскиот хотел на улицата Зихи Петер. Според локалните медиуми, пожарот најверојатно бил предизвикан од експлозија на плинска боца.






Пожарникарските екипи интервенирале со часови и успеале да евакуираат 27 лица од двокатниот објект. Градоначалникот на Будакеши изјавил дека повеќе од 20 лица се здобиле со полесни повреди, но има и повредени во сериозна и животозагрозувачка состојба.

Според локалните власти, во моментот сè уште се трага по неколку лица.

Во пожарот изгореле повеќе од 200 квадратни метри од зградата, која се користела како сместување за работници.

Причините за трагедијата официјално се утврдуваат.

Поврзани содржини