Пламен Николов е кандидат за премиер на Бугарија
Досега бугарските медиуми шпекулираа дека најсериозен кандидат е Петар Илиев, но непосредно пред претставници на „Има таков народ“ да се упатат кон кабинетот на Радев стана јасно дека Трифонов, сепак, го променил мислењето и се одлучил Николов да биде мандатар за формирање влада.
Пратеникот Пламен Николов е кандидат за премиер на Бугарија, предложен од партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Бугарскиот претседател Румен Радев попладнево му го врачи мандатот, а Николов изјави дека ќе направи сè што е во негова можност за да формира влада во законскиот рок.
Досега бугарските медиуми шпекулираа дека најсериозен кандидат е Петар Илиев, но непосредно пред претставници на „Има таков народ“ да се упатат кон кабинетот на Радев стана јасно дека Трифонов, сепак, го променил мислењето и се одлучил Николов да биде мандатар за формирање влада.
При земањето на мандатот, Николов беше придружуван од претседателот на Генералното собрание на „Има таков народ“, Тошко Јорданов, и од неколку пратеници.
Пламен Николов има докторат по филозофија на право, политика и економија. Тој се образовал на софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“, каде станал магистер на филозофија на науката. Потоа, продолжил во Австрија каде специјализиран на универзитетот во Клагенфурт.