ПЛАКЕТАТА МИЛТОН МАНАКИ ЗА „ПОВРАТНИКОТ“ Отворено 31.издание на Интернационалниот филмски фестивал во Битола
Филмот „Часовничар од група автори од Попово, Бугарија е добитник на наградата „Златна камера 300“, на овогодинешното 31.издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржува во Битола.
Филмот „Повратникот“ од авторот Диме Талевски е добитник на гран-при наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на овогодинешното 31.издание на Интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржува во Битола.
Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Илке Ацксталер од Германија, за филмот „Така се започна“.
Филмот „Часовничар од група автори од Попово, Бугарија е добитник на наградата „Златна камера 300“. Наградата „Сребрената камера 300“ е за филмот „Споменици“ на група автори од Шумен, Бугарија, а „Бронзена камера 300“ на филмовите „Детство“ и „Ехото на тишината“ од авторот Бојан Петровски од Шведска.
Исто така, беа доделени плакети за режија, монтажа, идеја и репортажа, како и специјални награди-плакети.
По повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола 4 Ноември, како дел од програмата за одбележување на овој значаен датум, синоќа беше отворено 31.издание на реномираната филмска манифестација. Фестивалот го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека овој фестивал се одржува во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот и претставува силно културно обележје на Битола и на Македонија.
– Овој уникатен фестивал, во кој на преден план не е поставено совршенството на филмската уметност како кај професионалните филмови, носи обележје на нешто што е многу поблиско до обичниот гледач, а тоа е несовршенството, обичната приказна, реалните настани, погледот на секојдневието, раскажан од аматерот-гледачот, кој преку својата приказна, го доближува секојдневието кај публиката – рече Коњановски.
Секоја година, фестивалот расте во однос на прикажаниот квалитет на филмовите кои, секој на својот начин, преку раскажаната приказна има своја специфичност. Го обиколуваат светот и пристигнуваат на вистинското одредиште, фестивалот Камера 300.
-Тоа го докажува и огромниот број на пристигнати филмови годинава, дури 43. Верувам дека жири комисијата навистина имаше тешка задача да ги избере најдобрите, но секако сите филмови имаа своја тежина која раскажува навидум обични, но многу важни приказни, кои ќе ја збогатат и онака богатата филмска историја на градот Битола – истакна градоначалникот на Битола.
Годинешното жири соопшти дека во конкуренција на 43 филмови, годинава ќе бидат прикажани 16 во две официјални проекции.