ПЛАФОНОТ НА ГРАДИНКАТА ПАК МОЖЕ ДА ПАДНЕ Некој штедел на конструкцијата на покривот во „Мајски цвет“

Новиот покрив е подигнат во 2019 година, а се урна како кула од карти на првиот посилен дожд.

319

Дали кога сте во доколица и кога некој ќе ве праша што правите, се шегувате – еве, чекаме плафонот да падне?!

Немојте веќе така да се шегувате. Плафоните навистина умеат да паднат. Викендов падна покривот во една од занималните во градинката „Мајски цвет“ во Карпош.






Среќа во несреќа е што децата не биле во објектот и предизвикана е само материјална штета. Несреќа во среќа е што плафонот пак може да падне.

Барем така изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски и најави дека ќе побара итни измени на општинскиот буџет, за да се обезбедат пари за брза санација на градинката.

– Побаравме експертско мислење и констатиравме недостатоци при изведбата. Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон. Тоа значи дека осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на 3. Втората голема причина е што шрафовите се премногу набивани и практично оној слој хартија што ја држи плочата од гипс-картон е пробиен. Третата причина е што местењето на гипс-картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење – вели Јакимовски.

Новиот таван на градинката е подигнат во 2019 година. Во новоизградениот објект се згрижени стотина деца.

Поврзани содржини