📽️ „ПЛАЧОТ НА ОВАА ВДОВИЦА ЌЕ ОДЕКНУВА НИЗ СВЕТОТ“ Ерика Кирк им порача на убијците дека немаат поим што ослободиле

Ерика Кирк со емотивен говор по убиството на својот сопруг, вети дека неговата мисија ќе продолжи и дека „плачот на вдовицата ќе стане боен повик низ светот“.

213

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика Кирк одржа емотивен говор во кој порача дека тој бил мета поради идеалите што ги бранел.

– Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог – изјави Ерика Кирк во седиштето на организацијата „Turning Point USA“, додавајќи дека движењето што го основал нејзиниот сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.






Со силни зборови таа се обрати и кон, како што ги нарече, „злосторниците“.

– Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга. Плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега – додаде таа.

Ерика Кирк најави дека турнејата на Чарли Кирк низ американските универзитети ќе продолжи оваа есен и во наредните години, како и неговиот поткаст, со цел „гласот на Чарли“ да не замолкне.

Чарли Кирк беше застрелан на 10 септември, додека држеше говор пред околу 3.000 студенти на Универзитетот Јута Вали. Шефот на ФБИ, Кеш Пател, потврди дека осомничениот убиец, 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен.

📽️ 📷 ОВА Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА УБИСТВОТО НА КИРК Таткото го препознал синот и му рекол да се предаде на полицијата

Поврзани содржини