ПЛАЧЕЈЌИ ЗАМИНА ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА Роналдо не можеше да се помири со поразот од Мароко (ВИДЕО)
Фудбалерот не успеа во својата кариера да дојде и до најпрестижниот трофеј, да го крене мундијалскиот пехар.
Кристијано Роналдо го имаше својот последен настап на Светските првенства, откако Португалија беше победена од Мароко во мечот за полуфиналето.
Португалија и на овој натпревар играше без Роналдо. Тој доби шанса дури во продолжението, но не успеа да направи пресврт.
Фудбалерот не успеа во својата кариера да дојде и до најпрестижниот трофеј, да го крене мундијалскиот пехар.
По голот на Јусеф Ен-Несири со кој Мароко го заврши натпреарот со 1-0 против Португалија, Роналдо не можеше да го скрие разочарувањето, но солзите му потекоа кога одеше кон соблекувалните.
Роналдо за националниот тим дебитираше во 2003 година, а постигна рекордни 118 голови.
— Ricardo Kaka (@rikardons) December 10, 2022