ПЛАЌАШ 80 ДЕНАРИ ЗА ПАРКИНГ, АМА 30 ДОНИРАШ Прилеп воведува посебен сообраќаен режим поради „Пиво Фест“
Цената на дневниот билет за паркинг простор ќе изнесува 80 денари, од која Советот на Општина Прилеп едногалсно донесе одлука 30 денари да одат за хуманитарни цели.
Од денес, 12–ти јули до 18-ти јули, Прилеп заради потребите на „Пиво Фест 2022“, воведува нов сообраќаен режим, во централното градско подрачје, наведено е во соопштението.
„За сите оние кои планираат да го посетат Прилеп овие 7 дена, но и за прилепчани кои сакаат да ги корисат своите автомобили, поради организирање на манифестацијата ‘Пиво Фест’ и поставување и монтирање на штандовите на пиварниците и угостителите, во наредните 7 дена, почнувајќи од денеска, дел од булеварот Гоце Делчев од крстосницата со ул. Кузман Јосифоски до крстосницата со ул. Прилепски Бранители ќе биде затворен, а сообраќајот ќе се пренасочи кон околната улична мрежа. Воедно, оние кои пак планираат да го посетат фестивалот на пивото и скарата од другите градови во четирите фестивалски денови, паркинг простор ќе има доволно, зашто се обезбедени над 12.000 паркинг места. Цената на дневниот билет за паркинг простор ќе изнесува 80 денари, од која Советот на Општина Прилеп едногалсно донесе одлука 30 денари да одат за хуманитарни цели“, се вели во соопштението од Општина Прилеп.