ПИВОВАРОВ ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ, А НЕ ДА ГИ ОБВИНУВА ПАТНИЦИТЕ Кој и зошто ја штити „Беса транс“?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Според ВМРО-ДПМНЕ, Пивоваров префрла вина, Спасовски молчи, братучедот на Ахмети, Хусеини го штити газдата на „Беса транс“.

1,381

Скандалозна е изјавата на националниот координатор за гранично управување поставен од СДСМ, Владимир Пивоваров, кој е исто така одговорен што автобусот на „Беса транс“ поминал 135 пати граница без дозвола за меѓународен превоз,  реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјаватан а Пивоваров дека патниците требало да бараат лиценца за автобусот во кој загинаа.

Тој , велат од партијата, не наоѓа вина во себе, за работата која не ја вршел, а за која е платен од граѓаните, туку во патниците кои не ја барале лиценцата за меѓународен превоз на увид.






-Изјавата на Пивоваров е скандал и прикривање на сопствените пропусти и неспособност, со фрлање вина врз починатите. Зошто Пивоваров, Заев, Спасовски, Бочварски, Исени и другите земаат плата од државата, ако граѓаните се тие кои треба да вршат контроли? Очигледно е дека власта ги штити виновниците за пропустите кои доведоа до смрт на 45 луѓе, Пивоваров префрла вина, Спасовски молчи, братучедот на Ахмети, Хусеини го штити газдата на „Беса транс“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата прашува: кој дозволил овој автобус да сообраќа толку долго време, и да поминува голем број на институции и потенцијални контроли на МВР и Царинската управа неказнето? Кој и зошто ја штити „Беса транс“?

– Покрај големиот број контрадикторности, се јавува уште една дилема, дали директорот на транспортниот инспекторат Руфат Хусеини, кој ги исполнува законските услови за пензионирање уште од месец март оваа година не отишол во пензија за да овозможи незаконски транспорт на фирмите?

Руфат Хусеини чека со денови да влезе во „Беса транс“, а за тоа си бара разни изговори прво, дека не му отвораат, па дека ако не му отворат ќе побара полициска асистенција.

Очигледно е дека „Беса транс“ е заштитена од врвот на власта.

– Власта треба да одговори и дали и колку пати службеници на МВР од терен кои си ја вршеле работата и не претпоставуваат дека зад Беса транс стои државниот врв пишувале белешки до Инспекторатот за недостатоци на нивните автобуси, а од Инспекторатот не реагирале  и ништо не било преземено?! Дали коалицијата СДСМ – ДУИ е поважна од животите на граѓаните? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини