ПИВАРА СКОПЈЕ ОТВОРИ Е-ПРОДАВНИЦА Достава на омилените пијалаци дома

Пивара Скопје ја отвори својата прва е-продавница, која од денеска и официјално е достапна преку интернет страницата e-pivaraskopje.mk

624

Следејќи ги промените во потребите и навиките на потрошувачите, поттикнати од дигитализацијата и можностите што ги нуди интернет трговијата, а особено промените што ги наметна пандемијата со ковид-19, Пивара Скопје ја отвори својата прва е-продавница, која од денеска и официјално е достапна преку интернет страницата e-pivaraskopje.mk

– Дигитализацијата и воопшто иновациите се високо поставени на развојната агенда на Пивара Скопје. Дел од процесите во нашата компанија се веќе дигитализирани, а тоа планираме интензивно да продолжи и во иднина. Веќе воведовме дигитални технологии во делот на складирање на производите, каде користиме иновативна технологија за управување преку гласовни команди, како и во сегментот на пласирање на производите на пазарот каде започнавме да користиме иновативна технологија за препознавање на слики која треба да им ја олесни работата на комерцијалистите, за тие да имаат повеќе време за купувачите. Започнавме и со воведување на најновата генерација роботизирани технологии со чија помош ги автоматизираме сите повторливи секојдневни задачи, со што сакаме да ја зголемиме нашата вкупна ефективност и продуктивност. Сето ова ни помага да ги дознаеме вистинските потреби на нашите купувачи и потрошувачи и воедно ни дава можност да останеме брзи, достапни и флексибилни на промените, особено на оние што се поттикнати од пандемијата со ковид-19 – вели генeралниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.






Еден од сегментите кои се дигитализираат е и продажбата, во која Пивара Скоје воведува значајна новина, а тоа е е-продавница, која воедно е првата продавница што воопшто досега ја имала компанијата и која се отвора токму во пресрет на големиот јубилеј – 100 години од основањето на Пивара Скопје.

– Со отворањето на е-продавницата сакаме да им овозможиме на сите потрошувачи достава на омилените пијалаци директно во нивните домови, што секако ќе придонесе за одржувањето на високото ниво на задоволство и доверба што тие го имаат во нашите брендови и во компанијата во целина. Преку оваа е-продавница на потрошувачите им нудиме брз и едноставен пристап до сите наши брендови, а плаќањето на купените производи е едноставно и сигурно, при што се користи најсовремен систем за заштита на сите извршени платежни трансакции. Засега дистрибуцијата на купените производи ќе се одвива само во Скопје – појаснува Милкица Ѓеринска, менаџерка за е-трговија во Пивара Скопје. 

Оваа новина во работењето на Пивара Скопје беше промовирана на четвртата годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија, а која на едно место собира бројни водечки домашни и светски експерти и практичари кои ги презентираат најзначајните достигнувања и иновативни решенија од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

Поврзани содржини