ПИТБУЛ ТЕРИЕР СИ ГО УБИ ГАЗДАТА ВО НОВИ САД Кучето е успиено

Според медиумите, телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот. Претходно синот на починатиот повикал полиција и итна помош бидејќи не можел да влезе во станот.

2,563

Куче питбул териер денеска во Нови Сад, Србија, го нападна својот сопственик нанесувајќи му смртоносни повреди, јави дописникот на МИА од Белград.

Брзата помош излегла на местото на настанот, но можела само да констатира смрт.






– Нашата екипа интервенираше по дојава дека куче питбул териер го нападнало сопственикот и му нанело смртоносни повреди. Медицинскиот тим интервенираше по прв приоритет, но можеле само да констатираат смрт на местото на настанот на 56-годишен маж – изјави портпаролот на итната помош, д-р Зоран Круљ.

Според медиумите, телото било пронајдено откако пожарникарите на повик од полиција ја скршиле вратата и влегле во станот. Претходно синот на починатиот повикал полиција и итна помош бидејќи не можел да влезе во станот.

Кучето било преземено од ЈП „Зоохигиена и ветерина“ и веќе е успиено, додека полицијата врши увид во станот.

Другите околности на нападот засега се непознати.

Поврзани содржини