ПИСМОТО ШТО ЖАРКО ЛАУШЕВИЌ Ѝ ГО НАПИША НА СОПРУГАТА ОД ЗАТВОР „Сè уште сум тука и ќе те сакам како куче“

Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст. Зад себе остави прекрасна кариера, но и семејството - сопругата Анита и децата Душан, Асја и Јана.

2,609

Еден од најголемите балкански актери нè напушти.

Жарко Лаушевиќ почина денеска на 63-годишна возраст. Зад себе остави прекрасна кариера, но и семејството – сопругата Анита и децата Душан, Асја и Јана.






За својот живот ги напишал автобиографските книги „Падре, идиоте!“, „Втората книга“, „Година минува, ден никогаш: дневник на еден затвореник“ и „Сè поминува, па и доживотна“. Во оваа последната се наоѓа еден особено потресен дел, писмото што Жарко Лаушевиќ и го напишал на сопругата Анита од затвор. Го пренесуваме во целост.

„Ангелу мој предобар, Анито моја!

Јас сè уште сум тука и ќе те сакам како куче, лојално, не земајќи храна од туѓи раце. Низ маглата на третото  утро на месецот декември, низ некоја неразбирлива линија на земјината кора, низ нејзиниот голем мозок, еб… како оној на „Јебитер“ Милиќ од Мачва, пристигнувам до твоето подножје.

И ќе лежам тука, како куче, додека не ме избркаш како куче, или не дадеш надмено како куче, малку нежност.

Ако го фатат ова писмо, немој да се изненадиш ако следното го добиеш од куќичка за куче.

Да, се допрев вчера. Со тебе. Морав. Знаеш како е… не знаеш. Тоа ме буди, ме води некаде, ме прави маж. И прави да сум, а толку не сум.

Тоа ме буди и ме води, но пак ме враќа, но грешната рака ме потсетува на тебе. Раката што уби, што пишува и чека. Нема рима…

Само осамен оргазам… и засрамен.

Затвор не е она што обичниот, неинформиран свет, има претстава за него – неколку години поминати зад катанец, без право на гледање на своите, без право на каква било радост, без право на каква било удобност и приватност.

Не е.

Тоа и е најголемиот шок за секој што пристигнал овде.

Тоа е затвор – претрес среде ноќ, прекинат млаз топла вода по твоето насапунето тело, украдено писмо, запленета рачна работа, ароганција и негрижа на полуписмена секретарка, која некаде ја изгубила твојата молба, бидејќи минатата ноќ повторно го имала истиот очајнички секс со својот доцен повратник во креветот, бракот и алкохолот. Затвор е кога ќе ти ја прекинат посетата, од чист мир, затоа што се огласил некој аларм, затвор е кога ќе ти држат некоја телеграма за која весниците веќе пишуваат, а ти не си ја добил, затвор е кога си славен, па толку славен што толку ја спомнуваат мајка ти…

 

Поврзани содржини