Писмо на италијански новинар од градот на духовите: Сликата на колона камиони со десетици ковчези сѐ промени

На балконите сега висат неколку разнобојни цртежи на деца со порака на надеж. Пред извесно време кружеше фотографија на новороденче. На пелената пишуваше:„Сѐ ќе биде во ред“. Слика во движење, симбол на повторно раѓање, нов почеток. Во Брегамо за време на епидемијата се родиле 13 деца чии мајки биле позитивни. Сите деца се здрави и не се заразени.

1,449

До пред неколку дена будилник ни беше сирената на Итна помош која го задушуваше ѕвонењето на црковните ѕвона. Нешто се смени, но секое утро, повеќе од еден месец луѓето штом ќе отворат очи веднаш се катапултираат во ноќна мора. Ние сме во домашен протвор. Тоа е парадоксално и надреално, но Италијанците се борат со невидлив непријател забаракадирани во својте домови. Тоа е единствениот начин да се одбранат од епидемијата на ковид-19. Деновите минуваат споро. Перцепцијата за време е изгубена. Сонцето и желудникот се како часовник, го диктираат ритмот на секојдневниот живот.

Карантинот стана тест на зближеност на италијанските семејства. Постои одредена општествена напнатост која од ден на нен е се поголема. Пролет е, но слободно би можела да биде и есен бидејќи го нема мирисот на цвеќињата..Безбојна сезона е. Како да е смрзната во рамките на четирите ѕида на куќата.






Долниот град е празен. Без автобуси и автомобили, без метеж. Во метежот повеќе ги цените пејсажите на Горниот град со венецијанските ѕидини, тврдината која не поврзува со Задар и со Шибеник. Но не можат сите да ги видат тие чуда од минатото. Мора да останете дома и за некој погледот преку прозорецот значи дека можат да ги видат само зградите, дворот или парче земја.

На почетокот на епидемијата луѓето реагираа на епидемијата свирејќи на балконите, пееќи од терасите, интонирајќи ја државната химна, покажувајќи ја тробојката. После кога ситуацијата се влоши и кога целиот свет ја виде колоната камиони, погребната поворка во која беа десетици ковчези, луѓето се стуткаа во домовите, сватија дека тие демонстрации кои служеа да се соочат со стравот, можеби не биле на место, можеби биле погрешни. На балконите сега висат неколку разнобојни цртежи на деца со порака на надеж. Пред извесно време кружеше фотографија на новороденче. На пелената пишуваше:„Сѐ ќе биде во ред“. Слика во движење, симбол на повторно раѓање, нов почеток. Во Брегамо за време на епидемијата се родиле 13 деца чии мајки биле позитивни. Сите деца се здрави и не се заразени.

Куќите на Италијаните сега сјаат. Сите домаќинки го искористија овој момент да како луди ги чистат становите и куќите, а и по некој безработен маж не може да му одолее на предизвикот да им помогне.Контактите со надворешниот свет станаа виртуелни.Тоа што некогаш се работело кога не сте дома, сега се работи од дома. На пример купувањето храна: на супермаркетите им праќате попис на намирници кои сакате да ги купите, а тие ви ги доставуваат дома. Ако решите лично да одите во маркет за тоа мора посебно да се спремите: да пополните формулар во кој ќе ги наведете својте личмни податоци, местото каде ќе одите и секако мора да носите маска која вчера (7 април) аптеките во Бергамо бесплатно ги дистрибуираа.

На влезот во маркетот има неколку правила: има линија на одалеченост, се влегува еден по еден на секој 15 или 20 минути. Вработен ви ја мери температурата, потоа со гел миете раце и ставате ракавици. Иако тоа се е напорно и комплицирано, се уште има такви кои во маркет одат да купат само по неколку работи. Тоа им е изговор да излезат надвор. По враќањето дома се препорачува да се истуширате и да ја измиете косата.

На децата им е посебно тешко. Има такви кои веќе 40 дена не излегле од дома. Нивниот виртуелен свет го прават разговорите со врсниците и електронското учење. Меѓутоа дури и со такво подучување почнавме предоцна. За основните и за средните училишта неодамна почнаа видеолекциите, додека претходно се одеше само преку меилови. Интернет платформата Зум стана популарна, но не ја користат сите училишта бидејќи има проблеми со приватноста и ранливоста на системот. Ако некој успее да го добие кодот на лекцијата може да внесе и порнографски слики или нацистички пароли. Поради тоа од таквата комуникација се откажаа многу училишта. Во основните и во средните училишта сите деца ќе ги завршат класовите. Завршниот испит е сведен на тест. Во Бергамо во некои факултето дипломците дипломирале на далечина и тоа рсправајќи за тезите преку Скајп.

Немаат ниту сите ВИФИ дома, а едновременото спојување на повеќе илјади луѓе на интернет, е многу комплицирано. Неки имаат претплата која им овозможува преземање на неколку гигабајти и поради тоа остануваат без врска. Интернетот сега се користи и за дружење, изработка на виртуелни флеш мобови, мултивидео песни, натпревари во пеењеи илјада други иницијативи. Секако, инфлуенсерите и славните лица први се кои ги користат својте социјални мрежи од кои не бомбардираат со селфи и со семејни фотографии и потикнуваат бескорисни расправи за залудни теми. Најжални се видеоповиците со блиските кои се во болнички кревети. Во болниците на пациентите им делат таблети за да можат да комуницираат со својте семејства.

Телевизијата е вечерна и ноќна забава. Податоците за слушаност на вчерашните главни програми (7 април), меѓутоа покажува дека е постигнат врв на гледаност и дека сега опаѓа. Претходно многумина висеа пред телевизорот за да гледаат емисии и вести врзани за коронавирусот, сега им ме мачно од тие емисии. Единствено што и понатаму е популарно е фикцијата.Концертот на пеачката Ноа се пренесува во живо од нејзиниот дом на Фејсбук, а РАИ ја пренесе снимката.

На кој начин уште поминува времето? Психолозите се јавуваат на телефон на оние кои се во депресија, некои пишуваат дневник, се гледаат стари филмови. Има и оригинални иницијативи. Измислен е фотонатпревар именуван: Што гледаш преку својот прозорец. Има такви кои покренаа натпревар за писатели кои би требало да пишуваат како им поминуваат деновите и што гледаат преку прозорецот. Весниците објавуваат писма на читатели. Значи главната нуспојава на домашната изолација е пораст на користењето на технологијата посебно кога станува збор за работа од дома, која на милони луѓе им овозможи да продолжат да работат.

Но, има аспекти од изолацијата кои малку кој ги зема предвид, а се однесуваат на семејното насилство каде жените и малолетничките најчесто се жртви.Од 1 до 22 март, имавме помал број на казнени дела на нашето подрачје за 64,2 ортсто, додека насилството во семејствот е намалено за 43.6 отсто. Според податоците на службата за итни случаи, поради семејно насилство Телефоно Роса има пад на поплаки и барања за помош. Сето тоа само го отежнува секојдневниот живот дома која станала вирус поради вирусот со сите благодети кои може да ги имате. Куќата станала затвор на максимална сигурност. Ако побегнете од неа, полицијата може да те запре, но над се е невидливиот непријател коронавирусот кој може да те погоди и можда дури и да те убие.

Автор на писмото е новинарот Емануел Ронцали. Рапортот од Бергамо го пренесе хрватски Јутарњи лист.

Поврзани содржини