Писмо до моите американски пријатели 

Со малку труд од нивна страна и со фер и праведен третман на сите етникуми во нашата земја, нашите стратешки партнери повторно можат да ги освојат срцата и умовите на етничките Македонци. Се надевам дека знаат како да го направат тоа. Не е потребно многу!

2,243

Почитувани,

Посакувајќи ви среќен Ден на независноста, би сакал да бидете сигурни за следново:






Во Македонија не постои руска пропаганда. Никогаш немало. Во никој случај овде не процутело некое значајно просоветско или проруско расположение. Македонија никогаш не била плодна почва за такво нешто, а Русите тоа секогаш го знаеле. До неодамна!

Има нешто позагрижувачко – непобитен пораст на антизападните, вклучително и антиамериканските чувства кај етничкото македонско население во последните неколку години. Оставам социјалните психолози да го објаснат овој интересен и шокантен феномен.

Јас имам свое разбирање за овој несреќен пресврт.

Верувам дека секој родител може да признае дека развива негативни чувства дури и кон своите деца, во одреден момент и под одредени околности.

Поминувајќи низ бројни понижувања на нивниот измачувачки пат кон ЕУ и кон НАТО, повеќето етнички Македонци се чувствуваат измамени од Западот, па дури и принудени да се одречат од сопствената историја и идентитет. Чувствуваат дека го губат тлото под своите нозе, во сопствената земја.

Овде дома, гестовите како официјалната честитка за новоименуваниот привремен премиер пред неколку месеци, само на албански јазик, од страна на Амбасадата на САД, не помогнаа луѓето да се убедат во спротивното.

Попустливоста, барем досега, кон очигледните криминални зделки и кон корупцијата на голем број функционери етнички Албанци на високи позиции во власта, со исклучок на градоначалникот на Струга, во голема мера го нарушија авторитетот на вашите официјални претставници во Македонија.

За среќа, прифаќањето и охрабрувањето на новоизбраната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од американските претставници во нашата земја, се примени со големо олеснување. Ова се случи по убедливата победа, и покрај предизборното обесхрабрување на гласачите од страна на некои високи американски функционери и од претставници на државите членки на ЕУ, кои застанаа на страната на поразените партии што ја предводеа претходната влада.

Со малку труд од нивна страна и со фер и праведен третман на сите етникуми во нашата земја, нашите стратешки партнери повторно можат да ги освојат срцата и умовите на етничките Македонци. Се надевам дека знаат како да го направат тоа. Не е потребно многу!

И сите грижи за какво било „руско влијание“ и пропаганда секако ќе исчезнат.

Среќен Ден на независноста, Среќен 4 Јули!

 

Поврзани содржини