ПИСМАТА СО ЖАЛОПОЈКИ ДО МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР НЕ ВЕ ПРАВАТ ЕВРОПЕЈЦИ Владејачката партија бара ДУИ да запре со злоупотреба на Албанците
ДУИ наместо да почнат да дејствуваат како реална опозиција, тие се занимаваат со пишување писма. Во ДУИ треба да сфатат дека пишувањето писма со жалопојки до меѓународните претставници нема да ги направи Европјеци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кога станува збор за ДУИ едно е јасно, тие се креатори на криминалот во Македонија, а СДСМ се кумови. ДУИ да престане да ги злоупотребува Албанците во Македонија за да се спаси од криминалните активности. Од криминал никој нема да се спаси. Помина времето на практикување криминал како што беше во времето на СДСМ и на ДУИ“, посочуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сега за сторен криминал се одговара пред надлежни институции.