ПИШУВАЛЕ ЗАКАНУВАЧКИ КОМЕНТАРИ ПОД ОБЈАВИ НА ПОРТАЛИ Двајца тетовци ќе одговараат за поттикнување омраза и насилство

Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, со кои е извршен службен разговор, при што Д.Р. го признал делото.

839

Двајца тетовци се повикани на разговор во полиција под сомнение дека пишувале коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, под објави на интернет портали, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово.

СВР Тетово во координација и содејство со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР, целосно се расчистени два случаи на коментари со заканувачка содржина со кои се промовирале или поттикнувале омраза и насилство, напишани на објави од интернет портали.






Поради сомнение дека се автори на ваквите коментари, во Полициската станица Тетово вчеравечер (09.07.2022) повикани се Џ.Л.(40) од Тетово и Д.Р.(37), од тетовско село, со кои е извршен службен разговор, при што Д.Р. го признал делото.

По документирање на случајот против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани содржини