Пирс Броснан ја продава импозантната куќа за 100 милиони долари ФОТО

1,776

Актерот Пирс Броснан (67), кој планира да се пресели на Хаваите, го продава својот луксузен дом покрај плажа во Малибу, за цена од 100 милиони долари.

Хациендата инспирирана од филмот за Џејмс Бонд,  „Утре никогаш не умира“, може да му донесе на Броснан огромна заработувачка доколку се продаде блиску до поставената цена.






Актерот ја изгради во 2010 година кога купи две одделни парцели за помалку од 7,5 милиони долари уште во 2000 година.

Иновативната еко-пријателска хациенда со девет спални соби создава толку многу енергија што може да ја напојува главната куќа, надворешниот базен и двокатната куќа за гости, а со преостанатите количини да донира во локалната мрежа, коментира британскиот весник „Сан“.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини