Во вонредна состојба се дозволија верски собири. Таа за мене несфатлива толеранција на државата кон црквата, беше дискриминаторска кон останатите граѓани и еве ефектите од тие погрешни одлуки се гледаат во повторното зголемување на бројките на заболени од ковид, пишува во својот Фејсбук статус директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.
„Денес, се објавува дека има потреба да остане во сила вонредната состојба и во исто време се објавува дека ќе има митинзи и одење од врата до врата? Штом се дозволуваат собири, не може да зборуваме за вонредна состојба и не ми кажувајте дека какви било протоколи при такви собири ќе можат да го заштитат јавното здравје! Граѓани се казнуваат заради повреда на полицискиот час со парична казна од 2.000 евра, но партиски митинзи ќе се дозволуваат! Ризично по здравјето на луѓето и дискриминаторски по однос на граѓаните кои ги почитуваат мерките повеќе од два месеци, реагира Пировска.