ПИРОМАН ФАТЕН НА ДЕЛО Полицијата приведе подметнувач на пожар

По пријава примена во 11:38 часот, според која на излезот од Струмица кон селото Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на местото и задржан.

3,276

Струмичката полиција денеска го лишила од слобода Д.К. (29) од селото Баница под сомнение дека предизвикал пожар, при што била опожарена трева и нискостеблеста вегетација.

По пријава примена во 11:38 часот, според која на излезот од Струмица кон селото Дабиле настанал пожар, Д.К. бил затекнат на местото и задржан.






Тој е приведен во полициска станица и во консултација со Јавен обвинител, по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа, а увид извршила екипа од струмичката полиција.

 

Поврзани содржини