„ПИПЛ“ ОДЛУЧИ Ова се личности на 2022 година
Како што објасниле, актерот Метју Меконахи , актерката Мила Кунис, Квинта Брансон и пејачката Џенифер Хадсон се истакнале со својата хуманитарна работа и несебично помагање на другите во 2022 година.
Магазинот „Пипл“ објави листа на познати личности која ја составил уредничкиот тим, а за која сметаат дека ја заслужуваат титулата „личност на годината“. На неа се нашол еден маж и три жени.
Како што објасниле, актерот Метју Меконахи , актерката Мила Кунис, Квинта Брансон и пејачката Џенифер Хадсон се истакнале со својата хуманитарна работа и несебично помагање на другите во 2022 година.
Метју Меконахи
„Кога родниот град на Метју Меконахи беше погоден од масовно пукање во јули 2022 година, при што страдаа 19 деца и двајца вработени во училиштето, актерот и неговата сопруга Камила брзо се вратија во Јувалда (Тексас).
Тие немале план, започнале да разговараат со семејствата на жртвите и веднаш сфатиле колку родителите сакаат животите на нивните деца да бидат важни. За да поттикнат реформи во поседувањето оружје, парот на застапниците во американскиот Конгрес им изнел предлози за усвојување на нацрти од законот за ограничување на пристап на оружје. Еден месец подоцна законот бил усвоен“, пишува „Пипл“.
Квинта Брансон
Добитничката на наградата Еми, Квинта Брансон, заслужна е за серијата „Abbott Elementary“. Сакала да го иницира серијалот којшто ќе ја премести генерациската стега и којшто ќе ги натера неа и нејзините родител, баби и дедовци да се насмевнат на истите шеги.
„Важноста на насмевката и заедничкото смеење на исти работи е лековито. Не постои ништо поубаво од насмевката затоа што така се градат и зацврстуваат односите меѓу луѓето“, изјавила таа.
Џенифер Хадсон
Пејачката Џенифер Хадсон со новото ток-шоу направи платформа за сите, така што сите имаме место каде ќе се чувствуваме вклучени. Џенифер емисијата ја започнала затоа што на 41 година стана најмладата жена која постигнала статус ЕГОТ (односно освоила награда Еми, Греми, Оскар и Тони).
Мила Кунис
По руската инвазија на Украина актерката Мила Кунис веднаш одлучила да им помогне на несреќните луѓе во својата родна држава.
„Со оглед на тоа што сум од Украина, пријателите ме насочуваат кому можам да му се јавам за донации и веднаш знаев дека морам да помогнам“.
Тоа што не знаела од каде да почне не ја запрело: „Немавме решение, па го создадовме“. Актерката до денес собрала 37 милиони долари за луѓето од Украина на кои тие им се најпотребни.