📽️ „ПИНОКИО“ СЕ ПОЈАВИ НА ПЕСОКОТ ДОДЕКА ТРАМП И НЕТАНЈАХУ ЗБОРУВАЛЕ ЗА МИР Мега-портрет во Тел Авив испраќа порака од заробениците

Плажата станала платно за политичка порака: Трамп и Нетанјаху лице в лице, а под нив натпис „Не дозволувајте пак да бидете изманипулирани“. Инсталацијата ја направиле активисти и семејства на израелски заложници. Нивната порака ја следела временската рамка на клучните состаноци и изјави.

694

На топлата песочна сцена крај Тел Авив, токму во време кога израелскиот премиер  беше во Вашингтон и во Белата куќа слушаше визијата на Трамп за мир во Газа, активисти му го нацртаа носот во Пинокио-стил.

Со мега-портрет на плажата, го опоменаа целиот свет да не се излаже двапати, пренесе Индекс.






Плажата станала платно за политичка порака: Трамп и Нетанјаху лице в лице, а под нив натпис „Не дозволувајте пак да бидете изманипулирани“. Инсталацијата ја направиле активисти и семејства на израелски заложници. Нивната порака ја следела временската рамка на клучните состаноци и изјави.

На 13 септември, инсталирале уметничка сцена каде Нетанјаху и Трамп ја влечат истата жолта лента, симбол на заложниците, од која капела крв. Над сцената стоело „Нобелова војна“.

Само неколку дена порано, на 5 септември, на истото место поставиле карикатура со Трамп како куклар, а премиерот на Израел како негова марионета. Под жолтата лента пишувало: „Сакаш да ги спасиш?! Спаси ги! Не зборувај!“

Од Белата куќа, Доналд Трамп објави план за прекин на огнот во Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази условна поддршка:

– Верувам во вашиот план за завршување на војната во Газа, кој ни овозможува да ги постигнеме нашите воени цели – изјави тој.

– Сите наши заложници, мртви или живи, ќе се вратат веднаш – додаде Нетанјаху.

 

Од друга страна, функционерот на Хамас, Махмуд Мардави, за Ал Џезира рече дека не добиле никаква писмена верзија од планот.

Покрај тоа, Хамас јасно истакна дека нема да се разоружа освен ако не се воспостави независна палестинска држава со Ерусалим како нејзина престолнина, што е целосно спротивно на барањето на Трамп и Израел за целосно откажување од вооружување на милитантната група.

Семејниот форум на заробеници во Израел излезе со соопштение:

„Историски договор што ќе овозможи на нашиот народ да закрепне, да ја заврши војната и да го нацрта новото утре на Блискиот Исток“.

Планот има 20 точкии, меѓу нив е предвидено Израел да ослободи повеќе од 1.000 палестински затвореници во замена за израелските заложници. Газа би ја управувала технократска и аполитична власт под надзор на мировен совет, во кој би биле вклучени Трамп и екс-премиерот на Велика Британија Тони Блер.

Американските предлози исто така содржат амнестија за припадници на Хамас кои ќе се разоружаат. За оние кои сакаат да ја напуштат Газа, би се овозможил безбеден коридор до други држави.

 

Поврзани содржини