ПИНОЧЕ ГО ОТРУЛ ЛЕГЕНДАРНИОТ НЕРУДА? Судот во Чиле повторно го отвори случајот
Експерти од Канада, Данска и Чиле наводно пронашле докази дека Неруда бил отруен. Во неговото тело пронашле опасен отров кој предизвикува парализа и смрт. Мануел Араха, неговиот возач и личен асистент, со години тврдел дека поетот бил отруен.
Судот во Чиле најави дека повторно ќе се обиде да ја реши мистеријата за смртта на познатиот писател и поранешен амбасадор Пабло Неруда. Нобеловецот наводно починал од рак на простата во 1973 година, но многумина веруваат дека тој всушност бил отруен за време на диктатурата на Аугусто Пиноче.
„Судот во Чиле во соопштение рече дека истрагата не е завршена бидејќи има прецизни процедури кои можат да се спроведат за да се разјаснат фактите“, пренесе АФП.
„Судијата минатиот декември го одби барањето на роднината на Неруда за повторно отворање на случајот, но сега ситуацијата е сменета“, пишува Скај њус.
Експерти од Канада, Данска и Чиле наводно пронашле докази дека Неруда бил отруен. Во неговото тело пронашле опасен отров кој предизвикува парализа и смрт.
Мануел Араха, неговиот возач и личен асистент, со години тврдел дека поетот бил отруен.
Поетот е роден на 12 јули 1904 година.
Колумбискиот романописец Габриел Гарсија Маркес го нарекол „најголемиот поет на 20 век на кој било јазик“.
Во 1971 година, Неруда ја добил Нобеловата награда за литература, а следната година и Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
Неруда неколкупати бил на видни дипломатски позиции, а кратко време бил и секретар на Чилеанската комунистичка партија. Конзервативниот чилеански претседател Габриел Гонсалес Видела издал налог за апсење на Неруда бидејќи бил комунист. Неговите пријатели со месеци го криеле во подрумот на куќа во градот Валпараисо. Преку планината во близина на езерото Маихуе успеал да избега во Аргентина. Подоцна бил близок соработник на социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде.
Неруда наводно бил хоспитализиран поради рак во времето на државниот удар во Чиле на 11 септември 1973 година предводен од Августо Пиноче. Неговиот близок пријател Аљенде тогаш го изгубил животот. Неруда наводно умрел од инфаркт 12 дена подоцна.