Американската пејачка Пинк (40), открила како таа и нејзиниот сопруг, 44-годишниот мотоциклист Кери Харт го сочувале бракот кој трае веќе 14 години.
Пинк открила дека таа и Кери веројатно би се развеле доколку не оделе на брачно советување кое им помогнало да ја одржат оазата на љубовта.
Пејачката неодамна разговарала на Инстаграм во живо токму со својата долгогодишна брачна терапевтка Ванеса Ин на оваа тема.
– Добив бројни критики на своја сметка од луѓе на кои им признав дека одам на брачно советување со сопругот. Со Ванеса имав прилика да разговарам насамо, како и во друштво на сопругот, а таа е единствената причина зошто сè уште сме во брак – изјавила Пинк во текот на разговорот.
– Како деца немавме можност да научиме како да имаме здрав однос и да се согласуваме со луѓето, а она што моментално се случува во нашата земја е совршен пример за тоа. Не знаеме како меѓусебно да се сакаме и согласуваме. Не знаеме да комуницираме – признала пејачката.
Пинк тврди дека нејзиниот сопруг не е единствениот кој создавал проблеми во нивната врска, туку дека и таа постојано нешто му приговарала и забележувала.
– Постои разлика помеѓу врска и интимност, а токму интимноста е најтешка за мене. Постоеја неколку моменти во текот на брачното советување со сопругот кои никогаш нема да ги заборавам. Со години му приговарав дека едноставно не е присутен, не ме сфаќа ниту ме слуша во емоционална смисла и не се труди да го разбере мојот јазик – рекла Пинк и додала:
„Кога Ванеса ни рече да замолчиме, да станеме, да ги ставиме рацете еден кон друг на срце и да се погледнеме во очи, во тој момент сфатив дека постојано претерував и дека, всушност, јас бев таа личност која само зборуваше и имаше забелешки за нешто“, заклучила Пинк.