Пинк сака да ја плати казната за ракометарките кои одбија да играат во бикини (ФОТО)

1,405

Норвешката женска репрезентација во ракомет не треба да се грижи за плаќањето на паричната казна поради одбивањето да носат бикини на натпреварот од Европското првенство, бидејќи се чини дека за тоа ќе се погрижи американската пејачка Пинк (41).

Пинк на својот Твитер објави дека е многу горда на ракометарките и ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам кон ракометарките.






„Јас сум многу горда на норвешките ракометарки поради нивниот протест против многу сексистичкото правило за облека. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Со задоволство ќе ги платам казните за вас, дами. Само напред“, порачала Пинк на Твитер и воодушевила многумина.

Исто така, Пинк ги ретвитнала и овие зборови:

„Кога мажите играат, тие носат маици и долги шорцеви, но од жените се бара да носат бикини! Тоа е сексистички. Или оставете ги жените да носат исто како и мажите или нека и мажите играат во гаќички.“

Потсетуваме, Норвежанките беа казнети со 150 евра по играч, што е вкупно 1.500 евра, за неносење соодветна облека, односно, долниот дел од бикини.

Пред Пинк да се јави за плаќањето, Норвешката ракометна федерација објави дека со задоволство ќе ги платат казните, со што покажа поддршка за ракометарките и покажувајќи колку се горди на своите ракометарки кои го кренаа својот глас и порачаа дека е доста.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини