ПИЛОТИ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ВО МАКЕДОНИЈА Тошковски најави дека центарот за обука ќе биде клучен за идните предизвици

Формирањето на Центарот за обука на пилоти е дел од напорите за воспоставување функционална институција која ќе одговори на потребите за справување со кризни ситуации и ќе ја подобри координацијата на сите нивоа.

727

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска по состанокот на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи изјави дека државата сериозно размислува за формирање на Центар за обука на пилоти во Македонија. Овој центар се гледа како дел од пошироките системски решенија за ефикасно справување со кризи како пожари, поплави и земјотреси.

– Државата има нефункционален систем кој треба да одговори на кризи. Ги задолжуваме институциите со нови превентивни мерки за да бидеме поспремни, но факт е дека таков нефункционален систем сме наследиле од претходниците. Размислуваме за создавање на Центар за обука на пилоти, нешто што порано постоело, но е уништено поради некадарност – изјави Тошковски.






Формирањето на Центарот за обука на пилоти е дел од напорите за воспоставување функционална институција која ќе одговори на потребите за справување со кризни ситуации и ќе ја подобри координацијата на сите нивоа.

НАЈАВЕНИ СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРИРОДНИТЕ КАТАСТРОФИ Македонија ќе има систем за управување со кризи во следните 3 години

Поврзани содржини