Утово околу 9 часот во двор на куќа во селото Барсина кај Мал Зворник се урна авион Миг 21 на Војската на Србија при извршување на редовна летечка задача.
Министерството за одбрана соопштило дека на местото на падот на авионот излегле надлежни истражни органи и дека увидот е во тек. Во падот на авионот еден пилот загина, додека за вториот сеуште се трага.
Месните жители велат дека авионот утрово го надлетал селото, и дека во еден момент летал многу ниско, малку над покривите на куќите, пишува Зворник денес, пренесува Јутарнњи. хр.
По ова авионот паднал во дворот на жител кој поради здобиените повреди е пренесен во болницата во Лозница и е на интензивна нега.