ПИКЕ СО НОВАТА ДЕВОЈКА СНИМЕН НА СВАДБА Фотографиите се појавија на Твитер (ФОТО)
Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина.
На Твитер се појавија фотографии од фудбалерот Жерар Пике и неговата нова девојка, студентката Клара Чиа Марти. Двојката е видена на свадба во Шпанија. Оделе насмеани и држејќи се за рака.
Клара е првата девојка со која Пике е виден во јавноста по раскинувањето на 12-годишната врска со пејачката Шакира (45) со која има два сина. Атрактивната русокоса студира односи со јавноста и живее во Барселона.
Gerard Pique with his new girlfriend 🧐 pic.twitter.com/SknzUDp59M
— Barça Worldwide (@BarcaWorldwide) August 24, 2022
Како што пишува британски „Сан“, Клара работи за филмската и ТВ-продукциската куќа на Пике, „Космос“, надгледувајќи специјални настани. Клара на својот Инстаграм објавува атрактивни фотографии и често позира во долна облека, но и топлес.
#ClaraChiaMarti & #GerardPique attending a friend’s wedding in Costa Brava. #FCBarcelona pic.twitter.com/lFQPCgGGD3
— It’s a Wag Wag World (@ItsAWagWagWorld) August 25, 2022
Шакира наводно не е задоволна што Пике се појавил во јавност со Клара, пишува „Дејли мејл“. Извор близок до семејството на Шакира тврди дека фудбалерот и пејачката имале договор да не се појавуваат во јавноста со новите партнери во првата година од паузата.
ФОТО: Твитер