ПИЈАТ АПЧИЊА ЗА ДА НЕ ВЛЕЗАТ ВО ПУБЕРТЕТ Децата во Велика Британија ќе можат да користат блокатори на хормони
Блокаторите на хормони се лекови кои можат да го прекинат пубертетот и понекогаш им помагаат на децата со родова дисфорија да им дадат повеќе време да ги разгледаат своите опции.
Апелациониот суд на Велика Британија одлучи дека лекарите можат да припишат лекови за да го блокираат, односно да го одложат пубертетот за деца под 16-годишна возраст.
Апелациониот суд рече дека Вишиот суд минатата година погрешно заклучил дека децата што размислуваат за промена на полот, најверојатно нема да можат да дадат согласност за медицински третман што вклучува лекови за одложување на пубертетот.
Во одлуката од декември 2020 година се наведува дека поради фактот што лековите се експериментални, клиниките треба да побараат одобрување од судот пред да започнат со таков третман.
Главните британски служби за развој на родовиот идентитет кај децата, Тависток и Портман ХНС Труст, поднесоа жалба на пресудата, наведува Ројтерс. Судиите на Апелациониот суд рекоа дека е несоодветно што Вишиот суд давал насоки, додавајќи дека лекарите се тие кои треба да направат проценка дали пациентите можат да го направат овој чекор.
Службите за развој на родовиот идентитет ја поздравија одлуката велејќи дека тоа потврдува дека докторите, а не судиите, треба да одлучат за способноста на лицата под 16-годишна возраст да се согласат за овој медицински третман, пренесе „Танјуг“.
Блокаторите на хормони се лекови кои можат да го прекинат пубертетот и понекогаш им помагаат на децата со родова дисфорија да им дадат повеќе време да ги разгледаат своите опции.