ПИЈАНИ НАВИВАЧИ ОД СЛОВАЧКА ВОЗНЕМИРУВАЛЕ ПАТНИЦИ НА ЛЕТ КОН СКОПЈЕ Еден приведен, на 10 лица им бил забранет влез во Македонија

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го привеле Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им бил дозволен влез во државата од безбедносни причини.

576

Приведен e навивач од Словачка, а на 10 други не им бил дозволен влез во Македонија поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето во Скопје, соопшти полицијата.

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.






Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го привеле Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им бил дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани содржини