ПИЈАНИ МАЛОЛЕТНИЦИ, НОЖЕВИ ВО КАФУЛЕ Приведени се 19 лица во Прилепско

240

Во рамки на проектот „Безбедно лето 2022“, ноќеска од 00.10 до 03 часот е спроведена акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Прилеп и Прилепско.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при контролата биле констатирани повеќе прекршоци и биле приведени 19 лица, од кои седум малолетници.






„Во објектите биле затекнати седум малолетници по 24 часот, а двајца малолетници биле затекнати при консумирање алкохол. Исто така, десет лица не поседувале документ за идентификација, кај едно лице бил пронајден нож, затекнат е еден странски државјанин со нерегулиран престој, а едно лице го нарушило јавниот ред и мир. Против сите лица и правни субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информира МВР.

 

Воедно, од претставниците на Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат биле констатирани прекршоци во сите контролирани објекти за што ќе бидат изречени соодветни санкции.Контролата во угостителските објекти ја спровеле полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции во координација со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Трудовиот инспекторат.

Поврзани содржини