🎥 ПИЈАНИ ИТАЛИЈАНЦИ НАПРАВИЈА ХАОС НА МИКОНОС Се степаа две групи, па ја нападнаа полицијата

На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа насилниот судир. Дел од туристите под дејство на алкохол влегуваат во физичка пресметка не само меѓу себе, туку и со полициските службеници кои пристигнале да воспостават ред.

673

Хаотични сцени се одиграа на познатиот грчки остров Миконос, каде што во еден ресторан за брза храна настана масовна тепачка меѓу група италијански туристи.

Она што започна како вербален конфликт, за многу кратко време прерасна во хаотична ситуација која мораше да ја смирува полицијата.






На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа насилниот судир. Дел од туристите под дејство на алкохол влегуваат во физичка пресметка не само меѓу себе, туку и со полициските службеници кои пристигнале да воспостават ред.

Според сведоци, расправијата избила меѓу две одделни групи Италијанци. Повиците и пцовките брзо ескалирале во директни удари, а обидот на полицијата да ги раздели страните наишол на жесток отпор. Наместо да се повлечат, дел од туристите ги нападнале полицајците, со што инцидентот добил уште подраматично продолжение.

Поврзани содржини