ПИЈАН ВОЗЕЛ МОПЕД СРЕДЕ НОЌ Приведен 44-годишен маж со 1,73 промили во крвта
Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Во раните утрински часови полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово привеле 44-годишен маж од село Биљановце, откако бил фатен како управува мопед под дејство на алкохол.
„При редовна сообраќајна контрола, околу 03.30 часот, бил сопрен мопед марка ‘Кимко’, кој го управувал И.П. од село Биљановце. По извршена проверка, кај него е утврдено присуство на алкохол во крвта во концентрација од 1,73 промили“, информираа од СВР Куманово.
Против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.