ПИЈАН ТУРЧИН ЗАЕДНО СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ ТРАГАЛ ПО СЕБЕСИ Пријателите го пријавиле за исчезнат, па и тој се вклучил во потрагата (ФОТО)
Кога го слушнал своето име, прашал кого го бараат, а потоа ноншалантно рекол „овде сум".
Педесетгодишен Турчин се нашол во бизарна ситуација кога тргнал да се бара себеси откако пријателите го пријавиле во полиција за исчезнат.
Како што пишуваат турските медиуми, Бејхан Мутлу исчезнал од руралната населба Кајака недалеку од градот Инегол откако претходно испил неколку чашки алкохол заедно со пријателите. Тој наводно залутал во шумата во пијана состојба, а по неколку часа пријателите ја информирале полицијата за исчезнувањето.
Потрагата по пијаниот Мутлу веднаш започнала, а откако спасувачките екипи започнале да го довикуваат по името, самиот Мутлу им се придружил. Тој бил дел од операцијата за потрага, бидејќи, како што изјавил за медиумите, сметал дека полицијата бара некој друг, не него.
Кога го слушнал своето име, прашал кого го бараат, а потоа ноншалантно рекол „овде сум”.
Турскиот магазин „Вазијет“ објавил и фотографија од Бејхан и членовите на спасувачкиот тим.