ПИЈАН ТАТКО ЈА НАПАДНАЛ 15-ГОДИШНАТА ЌЕРКА ВО 5 ЧАСОТ НАУТРО Синот ги разделил, полицијата го привела таткото
Според пријавеното, тој околу 5 часот во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели.
Лишен од слобода е насилник од Скопско, кој физички ја нападнал малолетната ќерка, соопшти полицијата.
На 05.03.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај. Според пријавеното, тој околу 5 часот во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.