СО „МЕРЦЕДЕС“ ПИЈАН УДРИЛ ВО 25-ГОДИШНА БИТОЛЧАНКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Возилото му е одземено, девојката е во болница

Лишен е од слобода возачот кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје.

2,088

На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола, информира МВР.

Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.






Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава, информира полицијата.

Поврзани содржини