📷 ПИЈАН РАКУН НАПРАВИЛ ХАОС ВО ПРОДАВНИЦА ВО ВИРЏИНИЈА Се отрезнил, па го пуштиле назад во природа

Службата за контрола на животни во Вирџинија потврдила дека станува збор за возрасен ракун, кој, според првичните процени, испил многу алкохол.

3

Невообичаен инцидент ја насмеал јавноста во американската сојузна држава Вирџинија, откако мал ракун паднал низ таванот на продавница со алкохол во градот Ешленд, се „почастил“ со пијалоци и направил вистински неред.

Кога еден од вработените дошол на работа, го затекнал животното како спие на подот во тоалетот, јави Си-Ен-Ен.






Сцената била како од филм: распукани шишиња виски, подови натопени со алкохол, плоча падната од таванот и едно безгрижно животинче во длабок сон. Службата за контрола на животни потврдила дека станува збор за возрасен ракун, кој, според првичните процени, испил многу алкохол.

 

 

Вработена во продавницата го однела пијаниот ракун во локалното прифатилиште за животни, каде што, по неколку часа сон, животното се разбудило без повреди, но, како што се шегуваат, со „мамурлак“.

„По краток одмор и без никакви последици, повторно е на слобода. Се надеваме дека научил дека провалувањето и пијанството не се решение“, објавиле од Службата за заштита на животни на округот Хановер.

Поврзани содржини