ПИЈАН МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИЛ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО РАДОВИШ Полицијата го уапси, детето е тешко повредено
На 12.6.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници го привеле Б.З.(40), кој управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, удрил во 9-годишно девојче, соопшти полицијата.
Приведен е возач во Радовиш, кој вчера пијан возел мотор и удрил во малолетничка, соопшти полицијата.
„На 12.6.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот тој на крстосницата на улиците Плачковица и Мирче Ацев во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, удрил во 9-годишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош. Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш“, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.