Пијан ресенчанец на возраст од 50 години вчера во Скопје во автобус на ЈСП го нарушил јавниот ред и мир со викање и закани.
С.Т. е приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
Синоќа околу 22 часот во викенд населбата Попова Шапка- Тетово, пред угостителски објект, по претходна вербална расправија околу паркинг простор помеѓу Џ.Л. (56) од Тетово, и В.С. (36) од село Џепчиште, тетовско, настанала физичка пресметка во која В.С. употребил остар предмет и на на Џ.Л. му нанел повреда.
В.Ц е приведен во СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.