ПИЈАН МАКЕДОНЕЦ УДРИ УНГАРЕЦ ВО ВАРАЖДИН Возачот имал 1,13 промили и влетал во друго возило

Македонецот се движел по улицата Браќа Крајански и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.

597

Синоќа нешто по 23 часот се случила сообраќајна незгода со материјална штета во Вараждин. Сообраќајката ја предизвикал 32-годишен македонски државјанин. Тој го управувал лично возило под дејство на алкохол, со измерено ниво на алкохол во крвта од 1,13 промили, пренесуваат хрватските медиуми.

Возачот се движел по улицата Браќа Крајански и при стигнување на раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти возилата што се движат по обиколницата.






Поради неотстапување, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на автомобил управуван од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница.

Во несреќата за среќа нема повредени, но евидентирана е материјална штета на возилата. Возачот кој ја предизвикал несреќата ќе се соочи со соодветни санкции за возење под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.

Поврзани содржини