„ПЕЖО“ СОРАБОТУВА СО ВРВНИ ДИЗАЈНЕРИ Европска премиера на Peugeot inception concept
„Пежо“ започнува серија соработки со извонредни уметници од новата генерација, а следната епизода ќе биде претставена на Design Week во Милано од 18 до 23 април 2023 година.
На европската премиера во Париз на Peugeot inception concept, „Пежо“ избра да ги здружи силите со францускиот дизајнер Emeric Tchatchoua, основач на брендот 3.PARADIS. Оваа соработка е приказна за споделени инспирации и заеднички оптимистички поглед на иднината со „Allure“.
„Пежо“ започнува серија соработки со извонредни уметници од новата генерација, а следната епизода ќе биде претставена на Design Week во Милано од 18 до 23 април 2023 година.
За „Пежо“, светот е подобар со „Allure“. Тоа значи дека иднината мора да се замисли со стил, креативност и амбиција, во којa луѓето се во центарот на процесот на развој. Токму оваа оптимистичка визија за иднината ја изразува Peugeot inception concept. Овој концептен автомобил е олицетворение на мачкаста и авангардна привлечност, невидени возачки сензации и 100% електрична технологија која ги комбинира перформансите и ефикасноста.
Peugeot inception concept ја имаше својата светска премиера на 5 јануари на CES во Лас Вегас, пред да биде изложен во Париз на 23 и 24 март. По повод оваа европска премиера, „Пежо“ влезе во нова ера, претставувајќи ја својата визија за иднината на автомобилите.
Peugeot inception concept означува голема трансформација на брендот
Нова генерација на Peugeot i-Cockpit® со интегрирана „steer-by-wire“ технологија, елиминирајќи го управувачот во корист на Hypersquare контролата.
Ентериер кој за патниците овозможува ново искуство во внатрешноста.
Дизајнот на следната генерација на електрични возила „Пежо“, кои пристигнуваат до 2026 година, е врз основа на домашна електрична платформа „BEV-by-design“.
Нови техники кои ќе се применат за да се намали јаглеродните емисии и да се постигне целта Carbon Net Zero (нула јаглеродни емисии) до 2038 година.
Peugeot inception concept и дизајнерот Emeric Tchatchoua
За време на презентацијата на Peugeot во Париз, „Пежо“ најави соработка со талентираниот француски млад дизајнер, Emeric Tchatchoua, основач на брендот 3.PARADIS.
Emeric Tchatchoua откри уникатно парче облека инспирирано од концептниот автомобил. Оваа јакна е технолошки подвиг, играјќи си со оптичка илузија благодарение на леќестиот 3D принт кој ја менува бојата во зависност од аголот на гледање. Оваа јакна го отсликува внатрешниот дизајн на Peugeot inception concept и ја користи истата 3D технологија на материјал кој исто така се наоѓа на подот на возилото. 3D печатењето е револуционерно, ефикасно и може да се рециклира, произведено во соработка со STRATASYS и France dyes.
Ова ексклузивно модно парче е резултат на соработка помеѓу два креативни, визионерски бренда кои споделуваат заеднички вредности како привлечност, емоции, извонредност, оптимизам, слобода и хуманизам. Соработка која ја потврдува желбата на „Пежо“ да ги направи дизајнот и создавањето на идната визија за автомобилите.
– Воодушевена сум што „Пежо“ ја започнува својата серија креативни соработки со Emeric Tchatchoua, кој со лансирањето на брендот 3.PARADIS пред 10 години, се истакнува како еден од најперспективните млади таленти во модниот свет. Неговиот пристап кон иновациите, каде ги става емоциите и човечкиот елемент во срцето при процесот на создавање, е совршено во склад со вредностите на „Пежо“ – вели Линда Џексон, извршна директорка на „Пежо“.
Менаџерот на дизајн на „Пежо“, Матијас Хосан, вели:
– Работата на Emeric Tchatchoua, за 3. PARADIS околу слободата, надежта и единството ја одразува неговата желба да има позитивно влијание врз општеството. Неговиот дизајн особено резонира со филозофијата на Peugeot inception concept, чија употреба на материјали преку светлина ги изразува истите вредности. Оваа соработка е приказна за многу убава средба.
– За време на мојот прв разговор со тимовите на „Пежо“, веднаш сфатив дека имаме многу заеднички точки, како што е употребата на дизајнот за позитивно влијание врз светот околу нас, како и желбата да се поттикне чувството на слобода. За мене е чест и огромна привилегија што можам да соработувам со „Пежо“ и нивниот неверојатен тим, за да ја шират нашата порака и нашите заеднички вредности – изјави Emeric Tchatchoua, основачот на 3. PARADIS.