🚘 „PEUGEOT“ ГО НАЈАВИ НОВИОТ „POLYGON CONCEPT“ Автомобил со футуристички дизајн и револуционерна контрола на управување
Премиерата на „POLYGON CONCEPT“ ќе претставува нова страница во историјата на францускиот бренд, комбинација на технологија, дизајн и иновација што ќе го обликуваат идниот изглед на автомобилската индустрија.
Францускиот автомобилски гигант „Peugeot“ го најави претставувањето на новиот концепт автомобил – „Peugeot Polygon Conncept“, кој го дефинира следното поглавје во дизајнерската и технолошката визија на брендот. По откривањето на името во септември, компанијата сега ги објави и првите фотографии од надворешноста на возилото, кое го отсликува „мачкастиот дизајн на иднината“.
Овој футуристички модел се издвојува со иновативен ентериер и револуционерната контрола на управување „Hypersquare®“, опремена со најсовремената Steer-by-Wire технологија, што овозможува уникатно и прецизно управување.
Според компанијатаas, новиот „Peugeot Polyom“ ќе биде премиерно претставен на 12 ноември во 13:00 часот, во воведната презентација на официјалниот „YouTube“ канал на „Peugeot“.
„Peugot“ го внесува концептот и во светот на гејмингот
 Пред големото претставување, „Peugeot“ најави и возбудливо дигитално искуство за сите љубители на брендот и гејмерите.
Во соработка со „Gameloft“, лидер во развој на мултиплатформски игри, е создаден виртуелниот остров „Peugeot Polygon City“– инспириран од формата на „Hypersquare®“ управувачот.
Сите заинтересирани ќе можат да го истражат овој виртуелен свет на 10„ ноември во 10:11 часот во популарната игра „Fordtnite“ што ќе можат интерактивно да ја доживеат визијата на „Peugeot“ за иднината на задоволството при возење.
„Ова забавно и иновативно искуство е отворено за сите фанови на ‘Peugeot’ и за гејмерите ширум светот. Со овој пристап, брендот продолжува да ја шири својата публика и да го зајакнува присуството во дигиталниот универзум,“ наведуваат од компанијата.
Премиерата на „POLYGON CONCEPT“ ќе претставува нова страница во историјата на францускиот бренд – комбинација на технологија, дизајн и иновација што ќе го обликуваат идниот изглед на автомобилската индустрија.