PEUGEOT E-3008 – КАНДИДАТ ЗА АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА Европскиот избор на автомобил на годината оди во финале

265

Наградата „Автомобил на годината“ е најпосакувана во автомобилската индустрија. Жирито е составено од 59 членови кои потекнуваат од 22 европски земји. Секој од нив ги избра своите 7 финалисти во првичното гласање од долгата листа од 28 кандидати. Можете да ја погледнете листата на кандидати и финалисти на веб-страната за автомобил на годината: https://www.caroftheyear.org/.

Новото ниво на Fastback SUV, новиот PEUGEOT E-3008, е подобрено благодарение на сосема новата платформа STLA-Medium на Stellantis која дебитира со PEUGEOT E-3008. Оваа иновативна платформа е дизајнирана да овозможи најдобри перформанси во класата за критериуми кои се најважни на клинетите: опсег (до 700 km), време на полнење (100 km за 10 минути), задоволство при возење, перформанси, ефикасност на дизајнот (помалку од 14 kWh/100km) и поврзани услуги (Trip Planner, паметно полнење, функции од далечина и ажурирања „Over-The-Air“).






Новиот панорамски PEUGEOT i-Cockpit® го подобрува уживањето во возењето со спектакуларниот заоблен „лебдечки“ 21“ HD екран, кој ги спојува head-up дисплејот и централниот екран на допир.

Новиот PEUGEOT E-3008 ќе се произведува исклучиво во фабриката во Sochaux во Франција. Веќе е достапен за нарачка во многу европски земји и ќе биде пуштен во продажба на почетокот на 2024 година.

– Имаме амбиција до 2025 да понудиме комплетна линија на електрични возила во Европа. PEUGEOT E-3008 е олицетворение на нашата стратегија за електрификација на брендот. Целосната гамата на електрични возила се состои од девет патнички автомобили и три комерцијални возила и претставува најширока и најефикасна палета од кој било конвенцијален бренд – велат од компанијата.

 

Поврзани содржини