Петтоколонашка операција на ДУИ
СДСМ опасно паѓа во оваа игранка, исто како и ВМРО на времето, исто како и со пожарите, промовирајќи само поделби и неединство за евтини политички поени.
Додека некои идиоти прават култ на личноста од криминоген опозиционер, а главната партија од власта не може да се скраси со наративот и каде тера, ДУИ води петтоколонашка операција против државата која ја искрадоа, која ги збогати и која ги направи луѓе.
Кој и да погрешил, доколку воопшто некој погрешил кон косовската претседателка, не е начин да се руши и да се гази сопствената држава, во тепачка кој е полојален и поблизок до Косово.
Бедни лигуши!
Па уште на ден национален празник направија драмолетка, човек да помисли дека имале задни намери.
Всушност, вака може да се однесува само банда, или човек, на кои државава им е крава за молзење и не ја чуствуваат за своја, освен за лоповлук.
Вакво антидржавно однесување не е дозволиво и е срамота и за една криминална банда.
А СДСМ опасно паѓа во оваа игранка, исто како и ВМРО на времето, исто како и со пожарите, промовирајќи само поделби и неединство за евтини политички поени.
(Фејсбук статус на авторот)