📽 ПЕТТИНА ОД АВИОНИТЕ РУСИТЕ ГИ ЗАГУБИЛЕ ПОРАДИ ГРЕШКИ? Последниот паднат „Сухој“ во Украина ги покажа лапсусите на противвоздушните сили
Кон крајот на август, податоците собрани и анализирани од Њузвик открија дека повеќе од една петтина од познатите загуби на руски авиони и хеликоптери од почетокот на војната во Украина не се резултат на непријателска акција.
Руската противвоздушна одбрана собори еден од своите напредни воени авиони „Сухој“, ловецот Су-35б. Ова, се чини дека го покажуваат снимките што кружат на интернет, пишува Њузвик. Руски, но и украински воени блогери јавија дека инцидентот се случил во петокот на окупираниот украински град Токмак во регионот Запорожје.
Руските власти не го потврдија пријавениот инцидент. Њузвик не можеле самостојно да ја потврдат автентичноста на снимката.
Кон крајот на август, податоците собрани и анализирани од Њузвик открија дека повеќе од една петтина од познатите загуби на руски авиони и хеликоптери од почетокот на војната во Украина не се резултат на непријателска акција.
Британските служби, пак излегоа со други бројки. Тие велат дека Од февруари 2022 година, руските воздушни сили во борба изгубиле 91 авион, а декаосум од нив биле уништени, а останатите 83 биле онеспособени.Исто така, руската армија загубила најмалку 12 илјади единици воена опрема, покажуваат податоците на експертите на Орикс, кои ги следат загубите на двете страни.
The Russian air defense shot down one of their own Su-35 planes last night near Tokmak, Zaporizhzhia Oblast. Confirmed by both sides.
Source: https://t.co/2IacQlOm1A#Ukraine #Zaporizhzhia #Tokmak pic.twitter.com/wHUXRAw78i
— (((Tendar))) (@Tendar) September 29, 2023
Западните аналитичари велат дека руските воздухопловни сили имаат невообичаено висока стапка на самонанесени загуби, што се сведува на фактори како ограниченото време за обука, малку искусни пилоти и притисокот од постојана борба.
Според холандскиот разузнавач под кодно име „Oryx“, Русија изгубила четири авиони Су-35 откако нејзините војници преминале на украинска територија на 24 февруари 2022 година.
Русија често го користи својот борбен авион Сухој Су-35 во Украина. Су-35 е модернизирана верзија на ловецот Су-27, дизајнирана за „значително да ја зголеми ефикасноста на ангажманот против воздушни, копнени и поморски цели“, според „Јунајтер Еркрафт Корпорејшн“(УАЦ), воздухопловна и одбранбена корпорација во голема мера во сопственост на руската влада.
Су-35 го имаше својот прв лет во февруари 2008 година, според УАЦ.
Беше „специјално дизајниран“ за борба против авионите од западно производство , како што се Ф-16ките произведени од Локхид Мартин, изјави претходно за Њузвикk поранешниот британски воен офицер Френк Ледвиџ.
Областа околу Токмак, каде беше соборен авионот, беше заземена од руските сили во првите недели од војната. Местото се наоѓа на патот на Украина кон окупираниот град Мелитопол. Украинците се надеваат дека преку Токмак ќе стигнат до Мелитопол, а оттаму до Азовското Море.
Институтот за проучување на војната ИСВ од САД пишува дека Русите најверојатно распоредиле елементи од својот 70-ти и 71-ви полк со моторизирана пушка помеѓу сегашната линија на фронтот во Запорожје и Токмак.