ПЕТТИ СМЕ ВО СВЕТОТ Лани туризмот забележал 139 отсто повеќе пристигнувања на странски гости

Околу 70 – 80 отсто од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

245

Македонскиот туризам лани забележа одлични резултати. Според најновите статистики на Светската туристичка организација, земјава регистрирала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139 отсто со што се најде на 5. место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи меѓу кои се и Црна Гора, Кипар, Малдиви и БиХ, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Јаневски на прес-конференција соопшти дека минатата година сме ја завршиле со одлични бројки.






– Во периодот јануари – декември бројот на туристите е зголемен за 50,3 отсто во однос на истиот период претходната година. Кај домашните туристи има зголемување за 16,9 отсто, а кај странските за 148,7 проценти. Бројот на ноќевањата е зголемен за 36,3 отсто и тоа кај домашните туристи за 13,7, а кај странските за 165,1 процент – информира директорот.

Топ пет туристи кои ја посетиле земјава лани се од Србија, Турција, Полска, Албанија и Косово.

– И годинава ја почнавме со позитивни резултати. Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани забележавме зголемен број на туристи за 34,7 отсто. Кај домашните туристи растот е 13,3, а кај странските 66,2 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевања за 30,9 проценти, кај домашните гости за 14,6, а кај странските за 54,1 отсто – нагласи Јаневски.

Негова оценка е дека годинава ќе ја завршиме со 2,5 милиони ноќевања и ќе оствариме над 400 милиони долари прилив.

Околу 70 – 80 отсто од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Јаневски на прес-конференција соопшти дека се потпишуваат и аранжманите за летото.

-Се надеваме дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја воведеме долгоочекуваната авиолинија Белград – Охрид, а догодина ќе ја овозможиме и линијата Софија – Охрид, Охрид- Варна, истакна директорот, додавајќи дека за празниците во земјава се очекуваат и странски, не само туристи од регионот.

Според него, во 2022 се очекува зголемување за 20 – 30 отсто на турските туристи, натамошен раст на српските гости, како и драстично зголемување за 100 или повеќе проценти на холандските туристи.

-Еден од холандските тур-оператори најави дека во јуни ќе има четири чартери, во јули и август се надева дека ќе воведе и петти чартер, односно 80 – 100 чартери во текот на сезоната што е одличен сигнал за другите дестинации и големите тур-оператори дека земјава е сигурна дестинација. Поголем број туристи очекувам и со рестартирање на „Виз Ер“ линиите, рече директорот.

Негова оценка е дека туристичката сорабокта со Бугарија ќе се интензивира, не само по воведувањето на авиолинијата, туку и поради намалување на мерките, подобрувањето на КОВИД состојбата и поголемата политичка соработка.

-Се надеваме дека во 2022 бугарските туристи ќе бидат меѓу првите осум во земјава, подвлече Јаневски.

Тој уште еднаш кажа дека вложувањата во туристичката индустрија се многу важни, а моментно треба да се насочени пред се кон руралниот и еко туризмот.

-Уделот на туризмот во домашниот БДП е три отсто за разлика од регионот каде што е 10 – 11 проценти, посочи Јаневски.

Поврзани содржини