Петте земји чии економии најлесно ќе закрепнат од ефектите на пандемијата

Пандемијата на коронавирус воведе невидена количина на несигурност во глобалната економија.

966

Земји низ целиот свет се борат со ковид-19, така што спроведуваат широки стратегии за социјално дистанцирање и пробуваат рани фискални интервенции за стабилизирање на пазарот.

Во својата анализа, „ВВС“ го користеше „Global Resilience Index 2019“ (Индексот за глобална економска отпорност), со кој беше направено рангирање на отпорноста на деловното опкружување во 130 земји, засновано врз фактори како што се политичката стабилност, корпоративното управување, ризикот и логистичкото опкружување и транспарентноста на ланецот на снабдување.






На листата од 130 земји рангирана е и нашата земја. Според статистичките показатели на Македонија и припадна 100 позиција.

Според ова рангирање меѓу првите на листата се најдоа Данска, Сингапур, САД, Руанда и Нов Зеланд.

Данска е позиционирана на втората позиција според претходно споменатиот индекс, бележи високи оценки за следење на синџирите за снабдување, корупцијата на владата во земјата е на многу ниско ниво. Државата, исто така, многу брзо презеде мерки за социјална дистанца во борбата против ширењето на корона вирусот.

Сингапур има навистина силна економија, низок политички ризик, силна инфраструктура и низок степен на корупција, со што земјата е рангирана на 21 место во листата за отпорност. Според анализите земјата презела брзи реакции за справување со вирусот.

Поради широката географска распространетост САД според индексот на отпорност се поделени на западен источен и централен регион и според оваа поделба рангирани се на високите 9, 11 и 22 место на листата. Но во целина, САД се високо оценети во однос на стапката на вработеност како и на силните врски за снабдување.

Борбата со вирусот се покажа како предизвик во големите градски области како Њујорк, а невработеноста веќе скокна на историско ниво, поголем дел поради мерките преземени за спречување на ширењето на корона вирусот како и на затворањето на поголем дел од американските држави, што особено го погоди секторот угостителство и малопродажба, но настрадаа и други компании.

Но, американската влада брзо презеде стимулирачки мерки за стабилизација на економијата, а стратегијата за социјално дистанцирање се чини дека веќе има ефект, што пак дава позитивен импулс врз опоравувањето на економијата.

Руанда заради подобрувањето на корпоративното управување, земјата забележа голем скок во индексот последните неколку години, односно својата позиција ја подобри за 35 места на листата и сега го зазема 77 место во светот и 4 место во Африка.

Она што е најважно, е што земјата е подготвена да се бори со вакви кризи, со оглед дека успешно се справи со епидемијата од ебола која стигна до нејзините граници, а која изби во соседната Демократска Република Конго во 2019 година.

Нов Зеланд го зазеде 12 место на листата најотпорни економии во светот поради високите оценки во корпоративното управување и синџирите на снабдување. Земјата, исто така, беше во можност брзо да го запре ширењето на вирусот затворајќи ги границите за меѓународни патници на 19 март и намалувањето на обемот на трговска размена на 25 март.

Поврзани содржини