ПЕТТЕ НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ИНФЛУЕНСЕРИ ВО СВЕТОТ Магазинот Форбс го состави својот список

Предизвиците каде што тој самиот се снимал жив закопан 50 дена или пак обидот да гладува 30 дена му донесоа годишен приход на Доналдсон од 54 милиони долари. Очекувано високата гледаност на ваквите лудории објаснува зошто овој инфлуенсер познат како MrBeast(Господин Ѕвер) заработил најголем дел од своите пари од рекламирањето на неговите видеа на Јутјуб.

357

Пари. Слава. Доверба. Тоа е она што е потребно за да се квалификувате на списокот на Форбс за најмоќните инфлуенсери на Интернет. Привлечната, а често и чудна содржина која ја создаваат овие млади луѓе, ја консумираат милиони други млади, а водечките светски брендови со задоволство трошат милиони за да ја спонзорираат.

 Првите 50 инфлуенсери во светот според Форбс собрале вкупно 1,9 милијарди следбеници на Инстаграм, ТикТок и на Јутјуб. Тие заработиле вкупно 570 милиони долари во 2021 година, а нивната просечна возраст е 31 година.






 „За да ја одвоиме пченицата од плевелот во индустријата зафатена со самопромоција и несакани спам-содржини, го оценивме секој инфлуенсер во три категории: заработка, влијание и претприемништво. Податоците за заработката се за календарот 2021 година и се проценки на Форбс“, пишува овој портал.

 Покрај бројот на следбеници, влијанието се мери и преку нивниот ангажман како што е посочено со лајкови, споделувања и коментари на објавите. Во однос на претприемништвото, односно колку чувство имаат овие инфлуенсери за својот бизнис Форбс прави скала од 1 до 3.

 1. Џими Доналдсон (MrBeast)

 Заработка во 2021 година: 54 милиони долари

Вкупно следбеници: 162 милиони

Оценка за претприемништво: 3

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

Предизвиците каде што тој самиот се снимал жив закопан 50 дена или пак обидот да гладува 30 дена му донесоа годишен приход на Доналдсон од 54 милиони долари. Очекувано високата гледаност на ваквите лудории објаснува зошто овој инфлуенсер познат како MrBeast(Господин Ѕвер) заработил најголем дел од своите пари од рекламирањето на неговите видеа на Јутјуб.

 MrBeast го заслужува првото место на оваа листа не само затоа што заработува повеќе од кој било друг, туку и затоа што неговиот концепт за ресторан „MrBeast Burger“ е вистински претприемачки мотор.

 2. Чарли Д’Амелио

 Заработка во 2021 година: 17,5 милиони долари

Вкупен број на следбеници: 203,7 милиони

Оценка за претприемништво: 3

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by charli (@charlidamelio)

 Во 2021 година, 18-годишната Чарли Д’Амелио беше најплатениот ТикТокер, заработувајќи 17,5 милиони долари од нејзиниот бренд за облека Social Tourist. Додека сè уште објавува видеа за танцување, Д’Амелио, исто така, посветува голем дел од својата содржина на промовирање на сопствените брендови и партнерства.

 Таа и нејзиното семејство, исто така, го основале „444 Capital“, фирма за ризичен капитал од 25 милиони долари, за поддршка на стартапи.

 3. Александра Купер

 Заработка во 2021 година: 20 милиони долари

Вкупно следбеници: 3,6 милиони

Оценка за претприемништво : 3

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Father Cooper (@alexandracooper)

 Приказната за сексот – нејзината и онаа на нејзините пријатели и познати личности – ја направи поранешната фудбалерка Александра Купер мултимилионерка. Таа започна подкаст наречен „Повикај го нејзиниот татко“ фокусиран на блуд со нејзината поранешна цимерка Софија Френклин. Откако се здобија со популарност, таа и Софија потпишаа договор за производство на подкаст со компанијата „Barstool Sports“.

 Откако се раздели со цимерката во 2020 година, Купер потпиша договор вреден 60 милиони долари за да го донесе подкастот на Спотифај. Останатото е историја – таа го претвори развратот во богатство, а подкастот моментално е број еден подкаст фокусиран на жени на Спотифај на глобално ниво.

 4. Елиот Тебеле (Фак Џери)

 Заработка во 2021 година: 30 милиони долари

Вкупно следбеници: 20,1 милиони

Оценка за компанијата: 3

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elliot Tebele (@jewhead)

 Се сеќавате кога најсмешната содржина на интернет беа фотографиите со смешни натписи – инаку познати како мемиња? Па, тоа време одамна го нема (или барем не e толку кул како порано), но оригиналниот производител на мемиња FuckJerri, кој вистински се вика Елиот Тебеле, го разграни својот бизнис со гејминг, текила и на телевизија за да остане релевантен.

 Деловниот обрт во 2021 година му донесе нешто повеќе од 20 милиони американски долари.

 5. Ема Чембрлен

 Заработка во 2021 година: 12 милиони долари

Вкупно следбеници: 27,6 милиони

Оценка за компанијата: 3

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by emma chamberlain (@emmachamberlain)

Од сите инфлуенсери на оваа листа, Ема Чембрлен има една од највисоките стапки на ангажираност на публиката на Инстаграм, со речиси 12 отсто од оние кои се занимаваат со нејзината содржина  – што е извонредно за 15 милиони следбеници.

 Чембрлен, која го напуштила средното училиште пред воопшто да ја вкуси славата, е позната по својата духовност и мртов хумор (барем така тврди Форбс), што ѝ помогнало да стане популарна блогерка. Таа е исто така основач на „Chamberlain Coffee“, врвен бренд за кафе и чај кој многу се продава.

 Таа, исто така, направи добра зделка со Луј Витон.

Поврзани содржини